Само еден ден откако МВР објави дека во еден ден на територијата на државата биле казнети вкупно 566 возачи што возеле повеќе од дозволеното, уште 42 возачи се приклучија на листата, и тоа од Кавадарци и Неготино.
Во текот на вчерашниот ден (20 јануари 2021) полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, спроведоа зајакната акциска контрола на територијата на град Кавадарци и Неготино, при што превземени се вкупно 86 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум, 17 санкции за нерегистрирани возила, 42 мерки за возење над дозволената брзина.
На сите возачи им се изречени соодветни санкции. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, а МВР апелира до сите граѓани да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Вкупно, на целата територија на целата држава на 19 јануари се санкционирани 566 возачи што возеле со брзина поголема од дозволената. Од нив 279 надвор од населено место, а 287 во населено место. 18 возачи возеле со брзина за над 70 километри на час над дозволената брзина, а 65 возачи возеле со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина.