Вежбањето „брзо излегување од болид“ го спаси Грожан од пожарот во Бахреин

ОБЈАВЕНО НА:

На Формула 1 трката во Бахреин болидот на Роман Грожан се запали и експлодираше а за 32 секунди целосно изгоре, но Французинот, за среќа, на време успеа да се извлече. Во многу ми помогнале вежбите пред почетокот на сезоната.

“Со причина постојат тестови на почетокот на сезоната на кои с егледа колку брзо можете да излезете од болидот. Морате тоа да го направите за помалку од 10 секунди. Грожан имаше среќа што во ударот во оградата немаше повреда на нозете, па можеше да трча, изјавил Џоли Палмер, поранешен возач во Ф1.

Трката беше во прекин 1,5 час додека се создадат услови з апродолжување. Болидот ја проби оградата па работниците во целост го сружија тој дел и поставија нова ограда.

Французинот Ромен Грожан се чувствува добро по страотниот инцидент на трката за Големата награда на Бахреин. Возачот на Хас ќе остане во болница поради повредите добиени на оваа трка, огласувајќи се преку видео-порака до сите свои фанови и спортската јавност.

„Здраво на сите. Сакам да кажам дека сум добро. Добро не баш целосно добро, но ќе биде ОК. Ви благодарам на сите за пораките на поддршка. Да не беше ‘хало- системот’ не знам како ќе завршев. Тоа е една од најдобрите работи воведени во Формула 1 овие години. Да не беше тоа сигурно немаше сега да зборувам пред вас. Му благодарам на медицинскиот тим тука во болницата, се надевам дека наскоро ќе можам да ви одговорам на пораките“ – истакна Грожан во видео-пораката.

 

https://www.facebook.com/24auto.mk/videos/3565771796845050/

Луис Хамилтон победи на трката во Бахреин, пред клупскиот колега Валтери Ботас, а трет беше Макс Ферстапен.
Во генерален пласман Хамилтон има 322 бода, Ботас е втор со 201 а трет е Ферстапен со 189 бода.

Хамилтон ја има обезбедено титулата, седма во кариерата па сега му останува само да ги руши рекордите во Ф1.
Следната трка повторно се вози во Бахреин за две недели, а на 13 декември сезоната завршува во Абу Даби.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK