Втората генерација на Renault Kadjar на пазарот следната година

ОБЈАВЕНО НА:

Оваа и минатата година Renault значително ја збогати и освежи својата понуда. По новите генерации на Clio и Capture, како и целосно новиот модел Arkana, францускиот производител следната година ќе ја прикаже и новата генеарција од моделот Kadjar.

Овој SUV модел кој за прв пат се појави во 2015 година, а кој во рамките на Renault-Nissan Алијансата се базира помеѓу Nissan Qashqai и X-Trail, ќе ја следи актуелната дизајнерска филозофија применета кај моделите на Renault претставени изминатите 2-3 години, пренесува AutoCar.

При тоа Kadjar ќе се базира на CMF/C платформата која ја користат и горенаведените модели, а во поглед на димензиите ќе биде идентичен како и актуелната генерација  Должината ќе изнесува речиси 4,5 метри додека меѓуоскиното растојание 2,6 метри.

Се очекува да ги задржи актуелните 1,3 литарски бензински како и дизелските 1,5 и 1,7 литарски мотори, но ќе дојде и со plug-in хибриден погон.

Повеќе информации се очекуваат да бидат објавени во наредниот период.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK