Време е за збогување – Ford Fusion заминува во историјата

ОБЈАВЕНО НА:

Не издржа ниту 15 години, а мора да оди во пензија – Ford и официјално го потврди крајот на производството на моделот Fusion.

Станува збор за седанскиот модел Fusion кој се продава во Северна Америка, а кој за прв пат беше воведен во август 2005 година.

Од американскиот производител наведуваат дека производството фабриката во Хермосиљо (Мексико) ќе заврши во јуни. Некои од медиумите објавија дека замената на овој модел со нова моделска назнака ќе се појави во 2023 година, но тоа ќе биде глобален модел.

Во моментов, актуелната втора генерација на Fusion во САД се продава со голем попуст од 5 илјади долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK