Време е за најдобриот електричен автомобил на Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volkswagen ги потврди претходните информации дека компанијата работи на новиот електричен автомобил, кој подоцна ќе стане знаменосец и топ модел на брендот. Според раководителот на германскиот бренд новиот продукт ќе биде технолошки најнапреден во семејството ID. Новиот производ ќе ги отелотвори сите најдобри развои на концернот, е ќе биде и најсилен во моделната линија.

Во моментов овој електричен автомобил се нарекува VW Trinity. Тој е дел од проектот Artemis, стартуван од извршниот директор на Audi, Маркус Дујсман во текот на пролетта во 2020 година.

Електричниот флагман ќе биде изграден на модернизираната модулна МЕВ платформа и ќе добие автономен систем за управување, базиран на „нервна“ мрежа односно на овој електричен автомобил ќе му биде на располагање четврто ниво на автономија. Се проценува дека цената на овој електричен седан ќе биде во рамки на околу 35.000 евра според кажаното од Рафл Бранштетер, CEO на VW, пред германското авторитетно издание.

Не се знае ништо за времето на појавата на идниот флагман. Судејќи според тизерот, телото на моделот ќе биде издолжено и лесно сплескано, со масивни лакови на тркалата и силно лежечка предна шофершајбна. Плановите се да се претстави Volkswagen Trinity до крајот на 2021 година, а производствената верзија да биде објавена во 2025 година.

Во тизерот, телото е покриено со ткаенина, па затоа не се гледаат малите детали. Сепак, порано, каконавестување за идниот флагман на брендот (и еден вид на наследник на VW Phaeton), компанијата го покажа I.D. Визион.

И покрај тоа, сега може да се одбележи дека автомобилот ќе добие попрактично тело, слично на комби. Во тој случај може се смета на навестување за дизајнот на изгледот на прототипот Space Vizzion. Можеби на крајот ќе има и одредена симбиоза во диајнот на овие машини.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK