Време е за деби на новото Volvo V60

ОБЈАВЕНО НА:

Своето ново комби V60 компанијата Volvo веќе го подготвува за преставување, а тоа ќе ја дополни обновената гама на производителот. Во истата влeгуваат и СУВ моделите XC90, XC60 и XC40, како и S80 и голeмото комби V90.

Дизајнот на V60 ќе биде во стилот на новите модели на Volvo, но производителот ветува уникатни решенија кои се карактеристични за комби автомобилите.

Исто како XC60 и V90, и V60 е изграден на платформата SPA (Scalable Product Archtecture) и ќе дебитира со гама од четирицилиндрични мотори. Шпионските снимки на прототиповите за време на тестирањата покажуваат дека моделот најверојатно ќе добие и хибридна plug-in верзија.

Топ верзијата треба да добие дволитарски бензинец, кој ќе работи со електромотор, а моќноста ќе биде на 400 коњски сили и 640 Nm момент на вртење.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK