Моделот Supra зазема посебно место и почит кај љубителите на спортски автомобили. Ова особено важи за моделот од 90-те години кои се прослави со одличните перформанси на рели шампионатите.
Еден таков модел од четвратата генерација произведен во 1994 година се најде на продажба.
Сопственикот кој е од Калифорнија наведува дека автомобилот има поминато само 10.400 милји односно нешто над 16 илјади километри.
Од доставените фотографии може да се забележи дека автомобилот е во одлична состојба како ентериерно и екстериерно, така и под хаубата. Оттука и цената која ја побарува, а која изнесува 175 илјади американски долари.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]