Вредат милиони, а гнијат во гаража (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобили стари повеќе од 30 години со огромна колекционерска вредност се пронајдени во стара гаража. Меѓу возилата се наоѓаат и две спортски возила Ferrari 275 GTB и Shelby Cobra 427. Оваа колекција на стари автомобили била откриена сосема случајно откако сопственикот на гаражата добил известување за нејзино рушење. Кога отишол да види што има внатре се изненадил.

Возилото Ferrari e од вторa генерација на гранд турер, кое се одликува со издолжена предница за подобар отпор при поголема брзина. Ова возило има поминато само 21.000 километри, а под хаубата има 3,3 литарски V12 мотор со моќност од 290 коњски сили. Максималната брзина е 260 километри на час. Слично вакво Ferrari во 2016 година било продадено за сума од 1.732.500 долари.

Второто возило е оригинално Shelby Cobra со седумлитарски V8 мотор со моќност од 431 КС. До 100 километри на час автомобилот  успева да стигне за 4,2 секунди, а максималната брзина е 262 километри на час.
Цената на овој автомобил е над 2 милиони долари.

Покрај овие две возила во гаражата биле најдени од BMW 325ix од 80-тите, Triumph TR-6, произведен во 1976 година и Morgan Plus 8 од 1978 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK