Враќање на Corrado – рендер на изгледот на легендарниот модел на VW

ОБЈАВЕНО НА:

По 25 години по производството на последниот примерок, Volkswagen не планира да го заживее моделот Corrado. Сепак тоа не е пречка за љубителите на овој модел да создадат рендер од можниот изглед.

Рендерот кој стана доста популарен во Volkswagen групите е креација која ја спојува формата од минатото со актуелната дизајнерска филозофија која дизајнерите на VW ја имаат аплицирано кај голем број на модели.

Така предниот дел е инспирран од последната генерација на Golf додека задниот дел е “позајмен” од моделот T-Cross. Тука е и жолтеникаво-златната боја која е заштитна на моделот Arteon.

Volkswagen Corrado

Историски гледано, овој модел за прв пат се појави во 1988 година. Дизајнот е дело на Хербер Шефер, а во фабриката во Оснабрик овој модел се произведуваше цели седум години, се до 1995 година кога беше заменет во понудата од третата генерација на Volkswagen Scirocco.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK