ВОЗИТЕ СЕ УШТЕ СО ЗИМСКИ ГУМИ? Еве зошто треба да ги смените

ОБЈАВЕНО НА:

Летото е веќе почнато, високите температури одамна пристигнаа, и вие секако наместо кондури, носит е лесни патики. Па, истото би требало д абиде и со вашиот автомобил. Но, наместо тоа, на бандажите на автомобилот се уште ги имате зимските гуми. Секако дека ќе се сложите дека тоа не е вистинското решение за овој дел од годината.

Препораката е гумите да се сменат кога надворешната температура е веќе над 7 степени,

Постојат легитимни причини зошто зимските гуми се најадекватна „обувка“ во зима, а не во лето. Причините се доста убедливи и сигурни сме дека ќе се сложите со нив.

Меките и помасивни зимски гуми се изработени од специјални и флексибилни гумени соединенија и имаат уникатен дизајн на шарите за да обезбедат најдобар стисок во услови на снежни и замрзнати патишта. Ваквите гуми најдобро функционираат при ниски температури и зимски врнежи, обезбедувајќи им доверба и безбедност на возачите во потенцијално опасни ситуации.

Но, иако ваквите гуми се неприкосновен шампион кога возиме во зимските месеци, истите овие карактеристики ги ставаат возачите во неповолна положба доколку се користат во лето. Високата надворешна температура, без разлика дали површината е сува или влажна, е типичен „убиец“ на зимските гуми во лето.

Летните пневматици обезбедуваат високо ниво на прилепување на влажни и суви коловози, висока стабилност при свиоци и оптимална километража при топли температури.

Нема премногу мудрост, во текот на летната сезона, а особено со топлите температури кои се присутни во последните години, летните гуми се најидеалниот избор. Во основа, кога температурата ќе се искачи над 7 Целзиусови степени, веќе е аларм за монтирање летни гуми.
Летните пневматици неспорно обезбедуваат високо ниво на држење на влажни и суви патишта благодарение на нивните специјално дизајнирани обрасци на шарите и соединението на шарите.

Тие, исто така, обезбедуваат висока стабилност при свиоци и оптимизиран стисок дури и при поголеми брзини, што не може да се тврди за зимските гуми. Ова значи дека можете да го возите вашиот автомобил со поголемо чувство на сигурност на летните гуми со соодветна длабочина на шарите и на суви и на влажни лизгави коловози во потоплите месеци.

Кога користите зимски гуми во лето, друго што треба да се земе предвид е дека возилото ќе троши до 15 проценти повеќе гориво и ќе имате повисоки трошоци. Општо е познато дека на топол пат отпорот на тркалање на зимските гуми е значително поголем од летните или за сите сезони, и во тоа нема сомнеж. Тоа е затоа што помеката гумена смеса повеќе ја менува својата форма кога се ротира. Зимските гуми создаваат поголем отпор при тркалање, што резултира со поголема потрошувачка на гориво, што значи дека ќе мора да ја посетувате бензинската пумпа почесто отколку со летните гуми.

Ако не се префрлите на време на летни гуми во пролетните и летните месеци, вашиот автомобил кој вози на зимски гуми нема да ја има истата способност за маневрирање како на летните „чевли“, особено ако сте принудени да направите нагли промени во насоката на движење . Ова веќе може да ја доведе безбедноста во прашање, особено на отворен пат и побрзи кривулести делници. Дури и ако автомобилот е натоварен, возачот повеќе ќе се мачи со воланот.

Возењето на зимски гуми за време на потоплите сезони претставува огромен ризик при сопирање. Тестовите и анализите на сите големи производители на гуми покажуваат дека растојанието за сопирање на возило на зимски гуми, на температури над 20 степени Целзиусови и со брзина од 100 km/h, е пет до шест метри подолго од она на возило со летни гуми. .

На долг рок, зимските гуми што ги чувате на вашето возило во текот на пролетта, летото и есента до следната зима веројатно ќе имаат истрошени и оштетени блокови на шарите само поради помеката смеса.

 

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK