Возите пребрзо? Повелете на донирање органи

ОБЈАВЕНО НА:

Естонија со број на жители од околу 1,3 милиони се сместува во самото дно во Европа според бројот на население. Но и покрај тоа статистиките во оваа балтичка земја покажуваат дека бројот на сообраќајни незгоди е релативно висок.

Со цел да ги намали овие незгоди, а воедно да ја подигне свесноста кај чинителите во сообраќајот, полицијата во оваа земја воведе нов метод за казнување.

Така доколку бидете застанати за пребрзо возење, полицајците во оваа земја покрај парична казна ќе ви издадат и картон за донирање на орган по избор на полицаецот.

Како друга алтернативна опција, полицијата ви нуди и принудна пауза до 60 минути, во зависност од тоа за колку ја имате пречекорено брзината.

Целта на оваа кампања кој според некој е доста грозоморна, е да се потенцираат жртвите кои би настанале доколку возачите возат над пропишаната брзина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK