Возите ли автомобил со погрешна боја? Nissan тврди дека 86 отсто е така

ОБЈАВЕНО НА:

Кога купувате автомобил внимавате на многу работи, детали, опрема, цена. Понекогаш најважно е да го имате возилото, а не ретко сте подготвени да чекате и подолго време само да ја добиете посакуваната боја на каросеријата. Но, дали тоа е вистинскиот избор на боја што одговара на вашата личност?

Најголем дел од возачите имаат автомобили со погрешна боја. Ова го открива студијата на Nissan направена во Европа, која покажала дека дури 86 отсто од испитаниците направиле погрешен избор при купувањето автомобил во салоните.

Според истражувањето, денеска има голем избор на живописни бои и можност за персонализација, купувачите сѐ уште се конзервативни кога треба да купат автомобил Студијата е направена во чест на можноста за персонализација на новата Micra.

Дури третина од испитаниците според нивната личност требало да изберат некоја поживописна боја, како што е портокалова, наместо традиционалната сива или црна.
За да видите која боја најмногу ви прилега напрaавена е текстуална конверзација преку фејсбук која помага за дефинирање на личноста на корисникот, по што се одредува правилната боја на Micra.

Тестот можете да ги најдете на следниот линк.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK