Експертите од Автомобилската федерација на Русија дадоа интересни факти околу тоа колку е долг патот за запирање на мраз. Мерењата биле извршени за време на годишниот фестивал „Денови на брзината на мраз“ на езерото Бајкал, спроведени во соработка со германскиот производител на гуми, Соntinеntаl.
Се покажало дека запирањето од 60 км/ч на замрзната површина на најдлабокото езеро во светот одзема 61 метар, а од 80 км/ч – 134 мeтри. Доколку автомобилот се движи со 100 км/ч, дистанцата расте до 199 метри, а при забрзување од 200 км/ч се неопходни 555 метри за автомобилот да запре. Уште понепријатно бил изненаден возачот на Jаguаr F-Pасе, кој се отргнал со цели 142 метри надвор од патеката.
„Деновите на брзината на мраз“ е спроведуваат на 10-километарскот дел во Мало море кој го дели континентот од Олхон, најголемиот остров на Бајкал. Таму воедно се образува и најдебелиот мраз на езерото.
Во ова време од годината замрзнатиот слој достига до 85 сантиметри, што го прави апсолутно безбеден за спроведувње на трки. Русите имаат утрврдено дека мраз со дебелина од 45 сантиметри може без проблеми да издржи тенк.
Годинава два дена пред почетокот на фестивалот во реонот на Бајкал е регистриран земјотрес, а како резултат на тоа на мразот биле образувани пукнатини. Тоа ги принудило организаторите да ја полеа пистата со вода за да можат да ја замрзнат.