Супер автомобилот Ferrari Testarossa произведен во 1987 година се најде на аукција во САД со почетна цена од 800.000 долари. Се работи за огромна сума, но се работи и за навистина посебен автомобил кој во минатото бил поврзан со пејачот Мајкл Џексон.
Точната информација е дека автомобилот не бил на пејачот, туку се работи за возилото коешто го користеле при снимањето на реклама за Pepsi. И без тоа автомобилот е редок примерок бидејќи сериското производство на Ferrari Testarossa беше само во верзија купе, додека Scuderia направи едвај неколку екслузивни кабриолети.
Овој кој е на снимките првобитно бил купе, но потоа е преработен во кабриолет во ателјето Straman.
Суперавтомобилот е снабден со 12-цилиндричен мотор со обем од 5 литри. Моќноста е 390 коњски сили.