Возилата на Volvo меѓусебе ќе се предупредуваат за опасност на патот

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volvo Trucks ја претставува услугата наречена „Поврзана безбедност“, која им дава можност на товарните и на лесните возила од Volvo автоматски взаемно да се предупредуваат за опасни ситуации на патот. Преку иновациската соработка возачите ќе можат да си споделуваат информација во реално време за опасности во сообраќајот.

При вклучувањето на предупредувачките светла товарното возило испраќа сигнал кон облачната услуга на Volvo Trucks која е поврзана преку интернет со мобилниот телефон на возачот. Оттаму се испраќа предупредување кон сите поврзани лесни и товарни возила, кои се доближуваат кон местоположбата на автомобилот со активнирани предупредувачки светла.

Најавите се дека Volvo Trucks првично „Поврзана безбедност“ ќе ја има кај новите товарни возила во Шведска и во Норвешка каде значаен дел од новите регистрирани возила се од Volvo Trucks и Volvo Cars.

Овој систем ќе може да се користи кај Volvo FH16, Volvo FH, Volvo FM и Volvo FMX, кои се опремени со интегриран систем на услугите на Volvo Trucks. Volvo Cars овој систем ќе го има кај сите нови модели: Volvo XC60, Volvo XC90, Volvo XC40, Volvo S90 и Volvo V90.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK