Возилата на влада ќе „пијат“ алкохол место нафта

ОБЈАВЕНО НА:

На метил алкохол ќе преминат автомобилите од возниот парк на Владата, такси автомобили и лесно товарни возила за доставување на роба. Кампањата ќе се одвива во региони кои се богати со суровини за производство на метанол како провинциите Шинси, Шанкси, Гансу и Гуижоу.

Владата на Кина објави почеток на кампањата за обновување на државниот возен парк и такси возилата кои работат на метил алкохол. Наредбата за користење на алтернативни горива е пуштена во исто време до осум владини министерства вклучувајќи го и Државниот комитет за реформи и развој.

По улиците на административниот центар на Шинси, градoт Ксијан уште во текот на оваа година ќе се појават 10.000 автомобили на метал алкохол, а во Гуеијан, административниот центар на провинцијата Гуижоу околу 7.000 возила. На тој начин возниот парк во Кина на метанол ќе се зголеми за близу трипати во однос на сегашните 6.600 автомобили на алкохол.

Кина засилено бара алтернативи за нафтата поради огромните проблеми со екологијата, а 30% од емисиите на штетни гасови во земјата се од превозните средства. Во моментов 50% од продажбата е од возила со алтернативен погон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK