Батериите на Tеslа ќе издржат до 1,6 милиони километри

ОБЈАВЕНО НА:

Производителот на електрични превозни средства од САД, Tеslа патентираше нова, значително поиздржлива и поевтина електрода, наречена NСА, која веројатно ќе се користи во новите батерии.

Порано партнерот на Tеslа во истражувањето на батериите, Џеф Дан од Универзитетот во Далхоуз, откри импресивни резултати од тестовите за нова ќелија за акумулатор, која може да обебеди повеќе од 1 милион милји односно повеќе од 1,6 милиони километри на електричните превозни средства.

Новата тестирана батерија е литиум-јонска, но од следната генерација NMС 532 со монокристална катода и нов и подобрен електролит, кој исто така е патентиран од Tеslа. За време на тестирањата се постигнати повеќе од4.000 циклуси на полнење и празнење.

Постоечката Tеslа патентираше „монокристални“ електроди NСА, како што е опишано во неодамна објавента публикација за патенти насловена „Метод за синтеза на никел-кобалт-алуминиум“. Во новите проучувања на пронаоѓачите беше применет двостепен процес на синтеза за производство на монокристални електроди од никел-кобалт-алуминиум.

Целта на проучувањето е да се премине кон користење на сопствени батерии, користејќи технологии, развиени од внатрешните екипи на Tеslа. Во последните неколку месеци автомобилскиот произовдител развива целосно нова тајна производствена опрема, која ќе се појави на производствената линија во Фермонт.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK