Автомобилите на иднината се преполни со напредна технологија и уште сега можат речиси целосно да ги заменат луѓето зад воланот, но никој не размислува во еден друг правец, кој е голем проблем. Се работи за перењето на овие автомобили.
Со оглед на тоа што технологијата доживеа голем напредок новите возила имаат многу сензори, радари и сензори, но тоа ќе претставува ризик. Повеќе нема да може да се прави она што досега се правеше со класичните возила, а тоа е да бидат перени во автоматската автоперална.
Место тоа, автомобилите на иднината ќе требаат да се перат рачно, а причината се бројните сензори и радари кои би можеле да бидат оштетени во автоматската перална. Таму остатоците од средството за перење би можеле да ги прекријат сензорите, да ја пореметат нивната калибрација и делумно да го „ослепат“ автомобилот.
Стручњаците предупредуваат дека со перењето во автоперална сензорите дури би можеле и целосно да се уништат, а нивната цена може да изнесува и повеќе од 100.000 долари. Сепак, се чини дека финансиската штета е најмал проблем бидејќи автономните возила со неисправни сензори и радари можат да претставуваат голема опасност на патот и би можеле да предизвикуваат сообраќајни несреќи.
Поради тоа сензорите на автономните возила мораат да се следат и да се чистат многу често бидејќи и прашината и калта, како и слични остатоци можат да пречат во работата.
Во General Motos веќе се имаат снајдено околу чистењето на сензорите, па место рачно перење во самите автомобили вградуваат посебна опрема за чистење на сензори.