Во светот на автомобилите нема ништо необично да се позајмуваат мотори од други произведувачи. Има голем број на примери, а тоа посебно се однесува за брендовите кои се во посед на некој голем конгломерат.
Доколку се земе пример на Volkswagen групата може да се дојде до тоа дека VW Golf GTI го дели својот 2.0-литарски турбо мотор со други модели како Skoda Octavia RS и SEAT Leon FR.
Сепак, се случува и произведувачи кои се со различни ориентации и филозофии да одлучат да соработуваат и да ја разменуваат технологијата, моторите, платформата и други компоненти. Девет такви модели можете да видите во продолжение.
Mercedes-Benz A klase – Renault
Моделот кој во моментов е во својата четврта генерација. Од лансирањето до денес, германскиот произведувач го ставаше во понуда со различни опции, кога е во прашање моторизацијата. A180 d под хаубата го има прочуениот мотор на Renault, 1.5 литарскиот dCi, кој го користат и Dacia и Nissan. Во премиум изданието тој испорачува 116 коњски сили (86 kW) и 260 Nm.
Alfa Romeo Giulia QV – Ferrari
Alfa Romeo Giulia QV е единствениот вистински италијански риал на германските премиум лимузини. Располага со 510 коњски сили од 2.9-литарскиот V6 битурбо мотор, кој е развиен заедно со Ferrari.
BMW 116i (F20) – PSA
BMW и францускиот гигант соработуваа на развојот на моторот од EP семејството. Станува збор за 1.4-литарската (EP3) и 1.6-литарската (EP6) единица, која се наоѓа во моделите на Mini, кај BMW во серија 1 и серија 3, како и кај возилата од PSA group.
Pagani Huayra – Mercedes-AMG
Италијанскиот суперавтомобил стапи на сцена во 2011 година. Под преубавата каросерија се наоѓа моќниот V12, кој доаѓа директно од работилницата на AMG. Во зависност од верзијата, овој мотор испорачува различни нивоа на максимална излезна сила. Pagani Huayra BC располага со дури 789 коњски сили.
Smart Fortwo – Renault
Возилото на Daimler некои 60 проценти од компонентите ги дели со Renault Twing. Го придвижуваат моторите кои ги дели со моделите на Dacia и Renault.
Aston Martin Vantage – Mercedes-AMG
Брендот од Велика Британија го лансираше новиот Vintage, кој е поголемиот брат DB11. Го придвижува 4.0-литарскиот V8 битурбо кој е потпишан од Mercedes-AMG.
Lamborghini Huracan Performante – Audi
Lamborghini Huracan Performante е еден од најбрзите модели на Нирбургринг. Италијанскиот суперспортист тоа го оствари благодарение на V10 FSI моторот, кој го движи и Audi R8.
Donkervoort D8 GTO-RS – Audi
Donkerevoort D8 GTO е автомобил кој покрај Lotus, тежи кон исфрлање на секој грам на вишок од масата. Во овој случај таа изнесува 700 килограми, додека погонот доаѓа во вид на 2.5-литарскиот петоцилиндричен турбо мотор на Audi. Истиот мотор се наоѓа и под хаубата на Audi RS3 и TT RS.
Lotus Evora – Toyota
Evora е лансирана во 2009 година и уште е присутна на пазарот. Нејзиниот V6 мотор доаѓа од Toyota, а во Lotus Evora GT430 изданието се испорачува со 436 коњски сили.