Amazon купува рекорден број електромобили од Mercedes-Benz

ОБЈАВЕНО НА:

Од Mercedes-Benz и Amazon објавија дека двете страни постигнале договор, според кој онлајн гигантот ќе купи повеќе од 1.800 целосно електрични превозни средства кои ќе ги користи за својот бизнис во шпедиција.

Договорот меѓу Mercedes-Benz и Amazon е најголем од својот род во историјата на автомобилската компанија, во кој учествуваат повеќе од 1.800 стопроцентни електрични претставници на Vito (eVito) и Sprinter (eSprinter).

Првите испораки на електромобилите, околи 600 претставници на eVito и над 1200 на eSprinter, ќе бидат извршени во текот на оваа година, а тие ќе се користат на територија на Европа.

„За мене е задоволство дополнително да го засилиме долготрајното партнерство со Amazon и да работиме заедно за иднината на целосно електричниот транспорт“, вели Маркус Брајтшверд, директор на Mercedes-Benz Vans.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK