Кога при превземањето на новата Toyota Yaris од пријателите од Тојота Автоцентар на дисплејот видовме дека со наполнет резервоар можеме да минеме 621 км. прво што си помисливме е: „Може ли навистина овој мал автомобил да понуди толкав домет“? Ќе возиме или ќе се возиме? Тој што пред нас го возел автомобилот со колкава брзина возел? Троши ли воопшто овој мотор? Вреди ли да се има хибриден погон? Многу прашања а само неколку дена време за одговор.
Текст/Фото: Горан Антевски
Четвртата генерација на Toyota Yaris e еден од најпопуларните градски автомобили воопшто. Новиот Yaris, кој е најпродаван модел на Toyota, е дизајниран да одговори на растечките предизвици во животот на градот и барањата на денешните купувачи на компактни автомобили. Yaris е класика – со статус на најпродавано возило на Toyota во Европа.
Тоа е првото возило на Toyota со титулата Европски автомобил на годината (2000), прв освои пет ѕвездички на ЕуроНЦАП краш тестовите за безбедност (2005) и први воведоа хибриден погодн во градски автомобили (2012).
Во време кога сите зборуваат за екологија, намалена потрошувачка, општествена одговорност и пред се мобилност и одржување социјална дистанца поседување на сопствен автомобил секако значи и поголема предност. Ако притоа внимавате и на околината, на намалената потрошувачка и новите технологии користењето на хибрид секако може и треба да биде искористено максимално.
ЗОШТО TOYOTA E ПРЕД ДРУГИТЕ
А Toyota знае многу добро да прави хибриди. Од 1997 година сериски се произведува Prius за да сега на сцена настапува четвртата хибридна генерација. Своја премиера минатата есен имаше и четвртото издание на популарниот градски автомобил, Yaris. И ние добивме хибриден тест модел со 1.5 литарски мотор. Да се увериме дека Toyota повторно е чекор пред другите а хибридите се една алтернатива на економичните мотори што во иднина секако ќе бидат присутни на нашите улици.
Производителите во помалите класи решаваат да заштедат на внатрешни материјали за да надоместат барем дел од дополнителните трошоци предизвикани од зголемената безбедност. Системот “front collision” станува стандард во градската класа, па затоа и кај Yaris доаѓа стандардно. Понатаму, постои систем за препознавање на пешаци и велосипедисти, систем за автоматско вклучување на долгото светло, активна контрола на патувањето… Значи, ова е вистински арсенал на безбедносни системи кој до неодамна беше резервиран за повисоките класи. Се разбира сетоа тоа зависи од нивото на опрема.
Ние во нашиот пакет CHICH BiTON Имавме електронска паркинг сопирачка, автоматска клима, HAC помош при тргнување на нагорница, централна воздушна перница меѓу возачот и совозачот што е единствено во сегментот, E-call, камера за паркирање назад…
Кога се хибридите во прашање Toyota секогаш била напред, иноватор и лидер. А сега Yaris со хибриден погон нуди ефикасност е зголемена за 20 проценти, моќноста поголема за 16 проценти, нова, помоќна литиум-јонска батерија, што придонесе значително да се подобри способноста на Yaris да вози само со електрична енергија. Многу едноставно – со новите хибриди на Toyota ќе се уверите колку се тие благодет за возачите.
ТЕСТ Toyota Yaris 2021
ПОКРАТОК – ПОШИРОК – ПОНИЗОК
За разлика од претходната генерација на Yaris, сегашниот модел е пократок за пет милиметри (3.940 мм), неговата ширина е зголемена за 50 милиметри (1.745 мм), а висината е намалена за 40 мм (1.500 мм), додека меѓуоскиното растојание се зголеми за 50 мм (2.560 мм).
Дополнителните 57 мм. ширина на тркалата придонесуваат за целокупниот низок, широк и силен став на автомобилот. Намалени се и предните и задните издадени делови, предниот за еден сантиметар (80 см) и задниот дел за 4,8 см (58 см). Ова дополнително ги потенцира вкупните компактни димензии и се добива најмалиот радиус на вртење (4,9 метри) во класата, што е идеално за навигација низ градските улици и паркирање во ограничени простори.
Најголемите придобивки од новите димензии најмногу ќе ги почувствуваат патниците на задните седишта, кои добиваат повеќе простор. Има многу простор за главата, бидејќи Јапонците при дизајнирање на моделот репиле возачот и патниците сега да седат пониско. Ако на ова го додадеме и фактот дека положбата на управувачкиот дел (што е 77 мм поблиску до возачот) е спуштена за шест степени, јасно е дека новиот Yaris ја има вистинската позиција на седиштето на возачот.
Покрај повеќе простор во ентериерот, новата GA-B платформа дава 35 проценти поголема торзиона крутост, а исто така носи заштеда од 20 килограми. Со нови димензии, кои се спротивни на трендовите на пазарот, новиот Yaris им овозможува на возачите полесно да маневрираат низ градот, но исто така придонесува за привлечноста на автомобилот. Волуменот на багажникот остана на 286 литри, со преклопната клупа за преклопување тој простор што се исполнува на врвот може да се зголеми на 947 литри.
НАГЛАСУВАЊЕ НА ВОЗАЧКО ДОЖИВУВАЊЕ И КОНФОР
По влегувањето во внатрешноста на Yaris ќе биде пријатно изненаден, во неколку аспекти. Како прво, веднаш ќе ги обожавате големите и добро обликувани седишта. Тие потсетуваат на седиштата во Corolla (веројатно идентична форма) и се исто така доста големи. Дури и за возач со висина од 188 см, горен дел ќе се протега надвор од пределот на рамената. Покрај тоа, тие се крути и ќе го држат телото дури и во остри кривини.
Во споредба со неговиот претходник, предното седиште е намалено, и во Yaris сега може да седите симпатично ниско, иако не толку како во спортски автомобил. Поради одличната и способна шасија, сепак би го спуштил седиштето уште пониско. Yaris собира плус поени за специфична и интересно дизајнирана табла со врвна ергономија. Формите се привлечни, материјалите со одлична класа на оптика. Од посебен интерес беше омекнатата пластика на горната страна на контролната табла или облогата на вратата, направена од еден вид еколошки, рециклиран филц.
Иако има голем екрај осетлив на допир, на „таблетот“ од страна постојат копчиња па многу од функциите можете да ги направите и рачно додека возите без притоа да се плашите дека ќе заглавите некаде во менито или да се изнервирате дека ќе загибите многу време. Има и „тач“ и “копче“.
ТЕСТ Toyota Yaris 2021
Малиот волан е поставен поприродно, има длабочина од осум сантиметри, а новата позиција на седење оди рака под рака со порамномерна дистрибуција на масата. Можеби затоа ќе ви изгледа дека на задните седишта им апомалку простор, иако со малку вежба и таму влеговме и седевме без проблеми.
Внимание се посветува и на повисоките стандарди на изработка. Горните делови на арматурата и текстилниот дел од вратата се помеки на допир, тврдата пластика е едноставна, но беспрекорно се обработува на јапонски, подебелите врати имаат помек звук на затворање, а звучната изолација е подобра. На крајот на краиштата, се доби поскап, европеизиран впечаток, иако со некои помали нелогичности.
БЕНЗИН + ХИБРИД = ДОБИТНА КОМБИНАЦИЈА
Новиот Yaris ја користи најновата, хибридна технологија од четвртата генерација на Toyota и воведува нови компоненти дизајнирани да бидат компактни, лесни и ефикасни. Хибридниот погонски агрегат се состои од 1,5-литарски VVT-i бензински мотор со циклус Аткинсон со 92 КС при 5500 вртежи во минута, со вртежен момент од 120 Nm помеѓу 3600 и 4800 и електромотор од 59 kW со најголем вртежен момент од 141 Nm.
Целокупната ефикасност е зголемена за 20 проценти, што обично се постигнува на сметка на перформансите. Сепак, моќноста е поголема за 16 проценти, па сега вкупната моќност на системот е 116 КС, со подобрување на забрзувањето од 0 на 100 км на час за 15 проценти. Така, на новиот хибриден Yaris сега му требаат 9,7 секунди за спринт до „сто“, а одзивот на притисокот на педалот за гас е побрз. Користена е нова, помоќна литиум-јонска батерија, што придонесе значително да се подобри способноста на Yaris да вози само со електрична енергија. Новата батерија е полесна за 12 кг.
Ќе бидете пријатно изненадени од потрошувачката. Без некое штедење во градски услови со вклучена клима, аудио систем, полнење на телефон потрошувачката нема да мине над 5,2 литри. Ако сте малку повнимателни, и сакате да заштедите а притоа да нема некои големи отстапување од перформансите.
Ние секако се обидовме да утврдиме до колку можеме да ја намалиме потрошувачката, а да немаме проблеми со перформансите. Се зависи од околностите, условите на патот, должината, застанувањата. Но, кога ќе видите дека можете да се движите околу 4 литри тогаш се прашувате вистински дали ви треба нешто повеќе од ова. И веднаш се сетивме на првите моменти кога седнавме во возилото. Оние 621 км. расположив за возење сега ни изгледа не само возможен туку и бројка што секако може да се подобри.
Без разлика дали сте на градските улици или на автопат ќе добиете добар „респонс“ од педалот. На автопат кога ќе посакате да добиете на брзина ќе го имате тоа, се разбира во разумен период но нема да имате забелешка на забрзувањето. Дури и ако треба некого да престигнете. Нормално тогаш целосно се вклучува бензинскиот мотор, исто како и на автопат иако повремено се вклучува и електромоторот.
Сега може да достигне брзина до 130 км на час, а зголемена е и можноста за електрично возење во градскиот сообраќај. Емисиите на СО2 се намалени на 85 g / km, а вредноста на потрошувачката на гориво според мешаниот циклус на WLTP е 3,7 l / 100 km, што е намалување за 20 проценти. Преносот е автоматски e-CVT, електрично континуирано променлив менувач, кој овозможува линеарно забрзување и потивко работење.
ЗАКЛУЧОК: Ако досега сте имале било какви дилеми за хибридните возила со овој мотор на Toyota ќе ги срушите сите табуа. Yaris одново е модел што диктира, и повторно поставува стандарди. Мобилноста на прво место, екологијата рамо до рамо, а економичноста меѓу врвните приоритети. Сето тоа ќе го добиете со новиот Yaris. Дали на бензин или струја секогаш ќе уживате во возењето. Останува на вас дали сте подготвени да го платите ова задоволство.
ЦЕНА: Почнувајќи од 12.490 евра за основниот модел, па се до 23.290 евра за Топ понудата.
Нашиот модел на тестирање со ниво на опрема CHIC BiTON имаше цена од 19.70 евра.
Повеќе информации за моделот – Toyota Aвто Центар ДООЕЛ
Повеќе за моделот:
Ценовник и опрема: