Возевме Mini Countryman: Британец со баварски гени и спортски шмек

ОБЈАВЕНО НА:

Имавме можност да бидеме дел од новинарската екипа од европски медиуми кои неколку денови ги возеа новите модели на Mini Countryman во Германија, Австрија и Италија. Го возевме во градски услови, на автопат, регионален пат и планински предели на јужен Тирол.

Спомнувањето на Mini секогаш потсетува на популарниот Mini Moris, на малото возило кое може секаде да се протне, модел кој веднаш влегува во очите на младите, а пред сѐ девојките, на возило со кое си ги исполнувате желбите да бидете во тренд, да бидете секогаш видени. И тоа трае веќе 57 години колку што овој Британски бренд опстојува. Сега истиот е дел од BMW групацијата, па нормално е да поприми нешто и од Баварците. Новата генерација на моделот Countryman ја покажува предноста во однос на просторот, функционалноста, спортски шмек и премиум карактеристики

Mini Countryman беше промовиран на европскиот пазар во февруари годинава и тоа како најголем и најпрактичен модел во историјата на Mini.
Имавме можност да бидеме дел од новинарската екипа од европски медиуми кои неколку денови ги возеа новите модели на Mini Countryman во Германија, Австрија и Италија. Го возевме во градски услови, на автопат, регионален пат и планински предели на јужен Тирол.
На возењето во Германија имавме можност да се запознаеме и со посилните верзии на Mini Countryman и тоа моделите S со 190 КС и најсилната John Cooper Works со 230 КС. Набрзо ќе ги споделиме со вас и импресиите од овие модели, особено онаа најсилната со која можете без проблеми да возите на автопат и до 230 км/ч.

На аеродромот во Минхен не чека превоз организиран од страна на BMW Group, и тоа серија 7. Брзо се привикнуваме на комфорот, но и со размислување како ќе биде кога ќе седнеме ние зад управувачот на Countryman. Серија 7 изгледа луксузно, комфорно и лесно па сѐ изгледа полно со престиж. Малото пакување на Mini од овој аспект ни делува како кутија за кибритчиња.

Но, брзо добивме одговор како ќе ни биде со Mini. Само што ги споредивме бројките во однос на стариот модел, знаевме дека ќе имаме пријатно дружење. Во однос на претходната генерација новиот модел е подолг за 20 см, а поширок за 3 см. Има и дополнителни 7,5 см. во меѓуоскиното растојание. Задните седишта се подвижни во распон од 13 см. и деливи во сооднос 40:20:40. А тоа многу кажува, пред сѐ во поглед на комфорот во внатрешноста. Countryman станува и „семејно возило“, иако никој не го гледа со такви очи. Но, ако затреба ќе го собере семејствот без проблем, па дури и одреден багаж за да може да отпатува некаде. Тоа го гарантираат оние 450 литри, кои може да се зголемат до 1.390 литри.

Mini e единсттвен според својот надворешен изглед па и нема директна конкуренција. Но во истиот сегмент како Mini Countryman спаѓа и Audi Q2 па тој можеби се наметнува како најсериозен ривал. Разликата е што Mini има традиција поголема од 50 години, па и публиката на која и се обраќа тоа го знае, а технолошки никој не заостанува. Пред сѐ се работи за вкус, сакање и љубов кон одреден бренд.

Countryman првпат беше претставен во 2010 година и беше првото Mini со четири врати, со пет седишта и опција за 4х4. Досега се продадени 540.000 возила, а новата генерација би требало да ја продолжи традицијата. Mini порасна, но ги задржа типичните Mini пропорции.

Како основа на Countryman послужила механичката платформа на новиот BMW X1.Од него се превземени и механичките компоненти, како системот за пренос на силата на сите тркала, како и некои мотори и менувачи.
Кабината го следи дизајнот на каросеријата, замислена во ретро стил. Сѐ е со потпис на Mini. Веднаш се забележува дека квалитетот на материјалите е многу подобра. Очигледна е намерата да се остави подобар впечаток додека сте во кабината. Има и амбиентално осветлување чии бои и интензитет можат да се местат по желба.

Новиот Countryman е првиот Mini модел што нуди централна инструмент табла со екран чувствителен на допир, седишта што се местат со електроника, и кај возачот и совозачот, и Mini Country Timer функција за забавно возење по оф роуд терени.

За почеток на продажбата одбрани се четири моторои и два вида на менувачи. Секој мотор може да с екомбинира со погон на предни тркала, или на сит етркала, како и со мануелен или автоматски менувач. Основниот мотор е опремен со трицилиндричен бензински турбо со 1.5 литри и 136 КС. Cooper во дизелска верзија има 2 литарски мотор со 150 КС, а појаката SD верзија развиба 190 КС. Најсилната верзија со оснака S им адволитарски турбо бензинец со 192 КС. Ако сакате еколошка верзија тогаш ви треба плаг-ин верзијата, а за оние со спортски манири најдобра опција е JCW(John Cooper Works) со 231 КС.

Она што најмногу не воодушеви се моделите Countryman S и John Cooper Works.
Како помина дружењето со нив, ќе читате наскоро.

# Не чекајте друг да ви каже, прочитајте на www.24auto.mk

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK