Возачите ќе може да заработуваат од пријавување на гужви и оштетување на патиштата

ОБЈАВЕНО НА:

Голема помош за секој возач е ако знае дали на некој пат, граничен премин, мост или друго место има гужва, се работи на патот или има оштеувања. Jaguar Land Rover (JLR) во своите автомобили воведува несекојдневна можност да возачите заработуваат додека го возат својот автомобил.

Оваа иновација наречена како “Паметен паричник” (Smart Wallet) се однесува на целосно нова технологија која ќе го снима возењето и движењето на автомобилот при што ќе регистрира сообраќајна гужва и оштетување на коловозот.

Овие информација најпрво ќе се чуваат локално, во меморијата на возилото, а потоа ќе се испраќаат на централно складирање од каде ќе бидат споделувани овие податоци. За возврат, сопствениците на возилата ќе добиваат финансиски надоместок во форма на криптовалути, а идејата е подоцна овие средства да се користат за плаќање на патарини или полнење на енергија за електричните автомобили.

Оваа вест предизвика низа задоволство кај жителите на Македонија бидејќи конечно ќе имаат идеална шанса, возејќи по македонските патишта да станат милионери.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK