Жител на Унион Спринг во Алабама, кој управувал со автомобил застрелал пешак, само поради тоа што премногу бавно ја минувал улицата и му го пресекол патот пред неговото возило.
Џеремаја Весли Пен, кој има 22 години запрел да го пропушти 29-годишниот Џонаријан Травес Ален, но се изнервирал од неговото флегматично движење.
Меѓу двајцата млади мажи почнала вербална расправија, која брзо ескалирала со физичка пресметка. Пен излегол од автомобилот и истрелал осум куршуми по Ален, кој загинал на самото место.
Осомничениот избегал од местото на злосторството, но подоцна се предал самиот на познат заменик шериф во локалната полициска станица. Не е познато дали двајца та се познавале од претходно.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]