Спиењето во автомобил при брзина од 120 километри на час може да се замисли единствено ако се работи за некој сопатник, но во оваа приказна тоа не е во сценариото. Личноста која спие седи зад управувалот во автомобилот и ужива како „мало бебе“. Иако ова звучи како дел од филм со научно-фантастична тематика, сепак, е реална ситуација.
Во последно време за жал станува сè почест момент на патиштата. Сепак, мора да се напомене клучниот и заеднички моменти на сите тие „спанковци“. Сите „се возеле“ во автомобил со кој управува компјутер (автопилот кој добро ја извршува својата задача).
Снимката која се појави на интернет е објавена од Сет Блејк, кој е гитарист на бендот Wage War. Тој го снимаше „возачот“ кој и покрај тоа што со двете раце цврсто го држи воланот исто така цврсто и спие зад него. Сет Блејн, напоменува и со која брзина автомобилот се движи, а таа изнесувала дури 120 км/ч.
Dude is straight snoozing going 75mph on the interstate, letting his @Tesla do the work. 😳😴 pic.twitter.com/RQD2LBSnGh
— SETH BLAKE (@SethWageWar) March 4, 2019
Од Tesla повеќепати предупредуваа дека автопилотот во моментов не е замислен како автопилот кој би можел целосно сам да управува со возилото без надзор така што возачите секогаш мораат да ги имаат рацете на воланот и да внимаваат на сообраќајот за да можат да ја преземат контролата во ситуација на непредвидени опасни моменти.