Ако сте решиле да купите вакво возило тогаш ќе треба сериозно да размислите. Дали е доволно безбедно? Mitsubishi L200 доби нула sвезди во краш тестовите на јужноамериканската организација на NCAP, која ја оценува безбедноста на возилата во Јужна Америка.
Но, среќа е што тоа се однесува само за некои пазари. Моделот за овие пазари се разликува од пикап за други земји, бидејќи во основната конфигурација нема воздушно перниче за возачот.
При фронтален судир од 64 км/ч., каросеријата на Mitsubishi L200 силно се деформира а според Latin NCAP при поголема брзина може да се распадне.
Податоците од сензорите во куклите укажуваат на тоа дека оптоварувањето со удар нема да му даде на возачот шанса да преживее, а возачот има подобри шанси. Безбедноста на децата е оценета со две sвезди заради седиштата Isofix.
Во одговор на објавените резултати, јужноамериканскот оддел на Mitsubishi вети дека до пролетта 2020 ќе стави и предни воздушни перничиња во L200 и безбедносни појаси со сигурносни затегачи. Исто така треба да се поработи на системите за стабилизација и треба да се подобри заштитата на пешаците.