Volvo започна со производството на XC40 во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Шведскиот производител Volvo објави дека започна со производството на моделот XC40 во фабриката во Кина. Причината за оваа одлука лежи во тоа што глобалната побарувачка, а особено онаа во Кина бележи драстичен раст и веќе се продадени 100 илјади автомобили од овој модел повееќе од очекувањата.

“Барањата за XC40 ги надминаа нашите најоптимистички очекувања” изјави првиот човек на Volvo, Хакан Самуелсон. Во официјалното соопштение објавено од страна на овој производител се вели дека производството ќе се одвива во фабриката во Лучиао каде во моментов се произведуваат неколку модели од останатите брендови од Geely групацијата.

Покрај во оваа фабрика, во наредниот период поради зголемената побарувачка, но и плановите за настап на кинескиот пазар, Volvo автомобилите ќе се произведуваат и во кинеските градови Ченгду и Дачинг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK