Volvo Cars го претстави новиот XC70, својот прв plug-in хибрид со долг досег – и веднаш постави нов стандард. Под CLTC циклусот на тестирање, XC70 нуди повеќе од 200 километри електрично возење, што е најмногу досега кај еден Volvo plug-in модел.
Совршен баланс меѓу електрично и класично
XC70 е изграден на новата Scalable Modular Architecture (SMA) платформа, специјално дизајнирана за хибриди со долг досег. Освен батеријата, SUV-то располага и со ефикасен бензински мотор, со што вкупниот опсег надминува 1.200 километри без потреба од дополнително полнење или точење гориво.
„XC70 е атрактивен избор за сите кои сакаат електрично возење, но сè уште не се подготвени целосно да преминат на струја,“ изјави извршниот директор на Volvo Cars, Хåкан Самуелсон. „Овој модел е мост кон иднината – кон целосната електрификација.“
Брзо полнење и двонасочна енергија
Благодарение на брзото полнење, XC70 може да се надополни од 0 до 80% за само 23 минути. Дополнително, благодарение на bi-directional charging технологијата, батеријата може да послужи како извор на енергија за други уреди – идеално за кампување или патувања.
Скандинавски дизајн
Новиот XC70 носи модерен скандинавски изглед – чисти линии, динамична силуета и препознатлива затворена маска која асоцира на целосно електричните модели на Volvo. На задниот дел, вертикалните C-обликувани светла се интегрирани во стаклото и даваат препознатлив но современ потпис.

Простор, комфор и технологија
Внатрешноста носи типичен скандинавски минимализам, квалитетни материјали и голема доза на практичност. Возачот има на располагање 12,3-инчен дигитален инструмент кластер и 15,4-инчен централeн дисплеј, со можност за 92-инчен head-up дисплеј со проширена реалност.
За поврзување и удобност, тука се AI-поддржан гласовен асистент, OTA ажурирања и апликацијата Volvo Cars за далечинска контрола на функциите.
Safe Space Technology – врв на безбедноста
Volvo останува верен на својата најголема вредност – безбедноста. XC70 користи радар, камери и сензори за постојано следење на околината, нудејќи технологии како:
избегнување и ублажување на судари,
предупредување при отворање врата (за велосипедисти и пешаци),
интелигентна асистенција за возење и автоматско менување лента.
Достапност
Производството на XC70 е веќе започнато, а моделот може да се нарача во Кина, со планови за понатамошно лансирање во Европа.










