Volvo XC60 – Создаден со идејата да ги заштити патници и сите во непосредна близина

ОБЈАВЕНО НА:

Новата генерација на бестселер моделот на Volvo, XC60 од сега се наоѓа во понудата и на македонскиот пазар. На XC 60 отпаѓа околу 30 отсто од вкупната продажба на Volvo што го прави еден од најважните модели на шведската компанија. На саемот во Женева годинава се појави Volvo XC60, но поинтересно е што во тој модел е вграден новиот Volvo City Safety collission avoidance system што самиот ќе може автоматски да го оттргне возилото од некоја несреќа во рамките на правилата на патот.

Новиот Volvo XC60 ветува дека ќе стане еден од најбезбедните автомобили што некогаш се појавуваат. Главната причина за ова се посебно димензионираната конструкција на автомобилот, така и мноштвото високотехнолошки системи за активна и пасивна безбедност, како и неговите функции за полуавтономно управување.

Фото: Орце Поповски

Во палетата на новиот Volvo XC60 ќе бидат вклучени дизелски D4 мотор со 190 КС, D5 со PowerPulse и 235 КС, T5 бензинец со 254 КС и T6 со 320 КС. Новата генерација на моделот ќе се нуди и со plug-in хибридниот погонски систем T8 Twin Engine која ветува вкупна максимална моќност од 407 коњски сили и можност за забрзување од 0 до 100 км/ч. за 5,3 секунди.

„XC60 ке биде достапен со три нивоа на опрема: богатиот Momentum, луксузниот Inscription и спортскиот R-Design. Предниот изглед на возилото е со препознатливите фул лед светла во знакот на ТОР и поголема предна решетка со алуминиумска рамка. Алуминиумските фелни се нудат во размер од 18 до 22” во повеќе уникатни дизајни. Прекрасните задни стоп светла даваат автентичен изглед на возилото во ноќта и исто така, се фул лед. Багажникот се отвора на електрика, односно може да се отвори со еднократно поминување со ногата под задниот браник или преку далечинскиот клуч. Врвен интиуитивен аудио систем Bowers & Willkins и возна динамика која е едноставно најдобра во оваа класа“, вели Златко Павловски, продукт менаџер на брендот Volvo.

Новиот Volvo XC60 доаѓа со функција за автоматско вртење или помош за вртење во свиоци во случај на опасност од удар на предниот дел. Ова е можно благодарение на обновениот систем City Safety со автоматски вртење што се активира во случај дека тоа регистри дека активирањето на системот за сопирање нема да е доволно услови за избегнувањето на удар со друго се наоѓа напред возило пешак или големо животно.

Новиот систем за автоматско вртење на Volvo е активна во опсег 50-100 км/ч. и може да биде комбинирана со другата нова технологија на компанијат – Oncoming Lane Mitigation, кој работи во опсег 60-140 км/ч. и помага на возачот да избегне судар со автомобил кој се движи од другаа страна на патот.

Покрај овие подобрени се и системите за помош на возачот, и во редизајнираниот XC60 ќе има вградени и системи што веќе се наоѓаат во моделот XC90 како што е на пример пилот асист, што овозможува полуавтономно возење. Овој систем овозможува автомобилот сам да забрзува, успорува и управува со возилото на патот со јасни ознаки до брзина до 130 км/ч.

Фото: Орце Поповски

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK