Силната изведба на Volvo XC40 успеа да го стави автомобилот на водечката позиција во рангирањето за најпродаван премиум компактен СУВ во Европа за првите три месеци. Во овој период барањето за XC40 порасна за 12% и достигна до 22.115 продажби, покажуваат податоците на ЈАТО.
Со ова компактниот премиум СУВ успеа да се најде пред долгогодишниот лидер во сегментот, Х1, а на 3. и 4. место се наредија Audi Q2 и Q3. XC40 и новиот Range Rover Evoque беа единствените модели во Топ 10 на сегментот, кои ги зголемија продажбите во последните три месеци што беше зафатено од голем број на околности.
Уште со официјалното претставување во 2018 година, компактниот премиум СУВ Volvo XC40 успеа да возбуди и воодушеви луѓето на глобално ниво. Меѓу многуте меѓународни награди е и престижната награда Европски автомобил за 2018 година. И ова не е случајно бидејќи моделот е специјално проектиран за да се соочи со предизвиците на модерниот градски живот, а секојдневните патувања во градот со сигурност ќе станат и попријатни и помалку стресни. Компактниот СУВ ги следи традициите на Volvo Cars во безбедноста и на клиентите им ги нуди најдобрите стандарди за безбедност, комбинирани со интерфејс кој е лесен за употреба и удобни системи и услуги за поврзаност.
ХС40 е првиот автомобил, создаден според новата Volvo платформа Compact Modular Architecture (CMA), oпфаќајќи широк спектар на револуционерни технологии, претставени за првпат во сериите 90 и 60, базирани на Volvo платформата Scalable Product Architecture (SPA). Пристапот на Volvo кон безбедноста и обидот на корисниците се заснова на филозoфиијата, која во компанијата ја нарекуваат „циклус на животот“, непрекинато усовршување на стандардите и технологиите, инспирирани од самите корисници и реалниот живот.
Моделот се нуди со систем за полуавтономно возење на Volvo – Pilot Assist, со најновата генерација на системо за безбедност City Safety, со функција за предупредување при преминување од една лента во друга, Cross Traffic Alert и камера од 360 степени, кои му помагаат на возачот при паркирње на тесни места. Овие и други модерни технологии го прават ХС40 еден од најдобрите опремени компактни премиум СУВ автомобили.
Моделот се нуди со лесни, дволитарски 4-цилиндрични мотори, како и со 3-цилиндричниот Drive-E. Иновациските и еколошки агрегати гарантираат динамика на реагирање и мала потрошувачка на гориво со што Volvo XC40 е совршен придружник за сите патувања.
И во врска со заложбата на Volvo Cars за намалување на штетните емисии, сега XC40 може да биде откриен и со иновацискиот Т5 Twin Engine со рlug-in хибридна технологија на мотор со кој моделот забрзува од 0 до 100 км/ч за 7,3 секунди при потрошувачка од под 2 литри на 100 километри.