Ако решите да купите некој модел на Volvo тогаш треба да знаете дека новиот салон сега се наоѓа на нова адреса, а има и нов увозник. Во иднина увозникот на возилата Volvo за Македонија е Премиум АГС каде ќе може не само да се купи автомобил туку и истиот да се сервисира.
Премиум АГС е наследник на компанијата Премиум Ауто Зентрум што сега ќе биде целосно посветена на шведскиот бренд во Македонија. Иако сега веќе постои салон во кој се изложени моделите на Volvo, менаџерскиот тим на компанијата потврди дека веќе се гради нов објект кој ќе биде новиот дом на Volvo.
Новиот салон на Volvo според сите стандарди на шведскиот бренд се очекува да биде пуштен во употреба во средината на март 2019 година.
Актуелната понуда на автомобилите од брендот на Volvo се веќе достапни во салонот лоциран на ул. Перо Наков бр.25. Покрај автомобилот на годината во Европа за 2018, Volvo XC40 се достапни и сите други модели од гамата на производителот. За првпат се нуди новиот Volvo V60, а покрај него во салонот се изложени и модели од линијата XC ( XC60 и XC90), S90 и V40.