Volvo со детска брошура ќе влијае на фрлањето пластичен отпад

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилскиот производител од Шведска, Volvo уште еднаш покажа голем интерес кон еколошките проблеми. Производителот на превозни средства издаде брошура со фотографии за пластични отпадоци во океаните. Таа има за цел да го привлече вниманието на децата и родителите кон овој проблем кој е во пораз низ целиот свет и неговото влијание за морскиот живот и целиот екосистем. Насловот на брошурате е „Денот на морето исчезна“, а таа е публикувна на германски јазик од издавачката куќа Knesebeck.

Од Volvo сакаат непрекинато да се зголемува свеста во однос на спречувањето на фрлање на пластични отпадоци и од децата и од родителите. Детската брошура е на писателот Сем Хејнс и е создадена како резултат на иницијативата на Volvo, а во прво време беше издадена во Велика Британија, а сега и во Германија.

Брошурата со фотографии раскажува за малиот Џек, кој случајно пушта пластична сламка да плови по морето. Следниот дем морето исчезнува и кога Џек тргнува да бара вода, место тоа наоѓа планини со ѓубре. На крајот тој ја наоѓа сино-белата сламка која е заглавена во носот на морската желка.

Џек тој ден научил дека може да се промени начинот на однесување на луѓето. Затоа, она што го наоѓа на дното на модето, се нешта, кои тој ги познава од секојдневието: ќеси, шишиња, обвивка од бонбони и сламки. И тој се колне дека ќе го даде својот придонес во иднина за да се избегне тоа ѓубре или барем да го фрли правилно место.

Проблемот во никој случај не е мал. До 13 милиони тони отпадоци од пластична амбалажа одат во морето секоја година. И Volvo сака да допринесе за ограничувањето на развојот на таа грозна и застрашувачка практика во природа. Автомобилскиот производител на пример користи рециклирачка пластика за еднократна употреба во своите канцеларии, ресторани на компанијата и настани од 2019 година наваму и сака да го зголеми делот на рецикрирачка пластика во своите превозни средства до 25 проценти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK