Volvo се пофали дека е подготвен за WLTP

ОБЈАВЕНО НА:

Од септември годинава, новиот начин на мерење на потрошувачката на гориво, Worldwide Harmonised Light Vehicle Test Procedure (WLTP), ќе стапи во сила на сите пазари низ Европа и затоа компаниите веќе мора да почнат со адаптација. Некои производители ги испитуваат проблемите со задоволувањето на критериумите и поради тоа почнаа привремено да запираат дел од своите модели.

Сепак, од Volvo се пофалија дека се една од првите компании кои се целосно подготвени за промените.

По дефиниција, WLTP треба да дава далеку пореални бројки за потрошувачката на горивото од досегашниот NEDC, кој е во употреба од 80-тите години од минатиот век. Тоа е можно со симулирање на различни реални патнички ситуации, како движење низ град, по автопат или надвор од населено место.

Volvo има една од најамбициозните програми за екологија во автомобилската индустрија. Швеѓаните следната година да продаваат целосно електрифицирани возила, а во 2025 година делот на чисто електрични продукти треба да достигне до 50 проценти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK