Компанијата Volvo ја смени понудата на моделот Ѕ90 за 2020 година и ги исфрли конвенционалните бензински и дизелски мотори. Ѕ90 во иднина ќе може да се купи само со Т8 plug-in хибриден погон во трим Inscription или R-Design.
T8 погонот го прават дволитарскиот бензински мотор со четири цилиндри од 300 коњски сили и електричен мотор од 86 коњски сили сместен на задната оска, а тука е и батеријата од 11,8kWh. Автомобилот забрзува од 0 до 100 км/ч за 5,1 секунди, а само со електричната енергија може да прејде 55 километри со потрошувачка на гориво на 100 километри од 1,7 од 2,5 литри.
Стандардната опрема опфаќа тркала од 19 инчи, LED предни светла, кожни навлаки, двозонски клима уреди, грејачи на предните седишта, дигитална инструмент табла од 12,3 инчи и мултимедија со екран од 9 инчи. R-Design моделите добиваат агресивен стилски пакет, спортски седишта, стакло кое ја дели кабината, хромирани елементи, дебели теписи и функција за масажа на предните седишта.
Изменета е и понудата на караванот V90, кој остана без хибридниот Т8 plug-in погон и сега е достапен со Т6 хибридниот plug-in погон кој се состои од дволитарски турбо бензинец со четири цилиндри, кој произведува 255 коњски сили и 350Nm.
Караванот може да се добие со конценционални мотори, а опциите се дволитарски бензинец од 196, 250 или 300 коњски сили и дволитарски дизелаш кој испорачува 190 или 235 коњски сили. Најсилната верзија на двата мотори може да се комбинира со погон на сите тркала.