Во првата половина од 2017 година Volvo има остварено пораст во продажбата од 21 отсто, и приход од 820 милиони долари. Главна цел на Volvo е европската премиум конкуренција каде шведскиот бренд одлично котира.
Кинеските сопственици на Volvo очекуваат раст на продажбата и приходите и во втората половина од 2017 година. До крајот на јуни се продадени 277.641 возило и покрај проблемите со доставата на автомобилите во САД каде е забележан пад.
Очекувањата се тие проблеми со транспортот да бидат решени, и во САД да скокне продажбата. Целта на Volvo е да продава околу 800.000 возила годишно.