Volvo престанува да ги развива новите дизелски мотори

ОБЈАВЕНО НА:

Моторите со внатрешно согорување и во иднина ќе бидат дел од моторизацијата на возилата, но поради сѐ построгите норми за емисијата на штетни гасови проблеми ќе има со дизелските агрегати. Тие потешко ќе успеат да ги задоволат строгите норми за емисија на нитроген оксид.

Шведски Volvo ќе престане со развој на нови дизелски мотори поради високите трошоци потребни за да може да се задоволат нормите за емисија на штетни гасови. Ова го потврди и Хана Самуелсон, шефот на компанијата во интервју за весникот „Франкфуртер Алгемајне Цахтунг“.

Според Самуелсон, компанијата ќе продолжи да ги развива сегашните дизелски мотори претставени во 2013 година, но нема да се развиваат новите, и тоа ќе заврши до 2023 година.

Алтернатива ќе биде инвестирање во електрични и хибридни возила, а целосно електричен модел е веќе најавен за во 2019 година.
Една од причините зошто Volvo уште сега не може да го скрати производството на дизелските модели е сѐ уште високата популарност. Дизелските возила сочинуваат повеќе од 50 отсто од новите автомобили во Европа, а 90 отсто од најпопуларниот модел на Volvo, XC90 е токму со дизелски мотор.

Од друга страна и намалувањето на емисијата на ЦО2, и лимитот што с ебара во Европа од просечните 130 г/км. во моментов треба да биде 95 г/км. во 2021 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK