Volvo повлекува повеќе од 1 милион возила – делови може да се растопат!

ОБЈАВЕНО НА:

Шведскиот производител на автомобили Volvo важи за бренд што прави многу издржливи и доверливи возила. Но, сега Volvo ќе мора да повлече повеќе од еден милион возила ширум светот, бидејќи некои делови од моторот би можеле да се растопат изјави портпаролот на шведската компанија.

Проблемот може, во најлош случај, да предизвика пожар на моторот, рекол портпаролот на Volvo. Компанијата досега нема пријавено какви било инциденти.

Според извештајот на шведската телевизија SVT, проблемот се однесува на моделите со четирицилиндрични дизел мотори произведени од 2014 до 2019 година, а тоа се моделите V40, V60, V70, S80, XC60 и XC90.

Ова е уште една лоша вест оваа недела за Volvo во сопственост на кинезите. Во четвртокот, компанијата забележа пад на добивката во вториот квартал од 2019 година и покрај значителниот раст на продажбата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK