Volvo потврди: Се спрема и серија 20!

ОБЈАВЕНО НА:

Во номенклатурата на модели на Volvo во иднина ќе има и уште едно возило што ќе ја носи ознаката 20. Сега најмногу верзии на пазарот има од модел 40, но Швеѓаните потврдија дека ќе има најмалку еден нов модел со ознака 20.

Во понудата на Volvo, моделот 90 е најголемиот, а моделот 40 е најмалиот. Сега најмал ќе биде 20. Нема детали околу идниот модел, или модели, но се верува дека ќе се продава и во Европа и во Америка.

Според магазинот Car&Driver кои оваа информација ја добија од извршните лице на компанијата, се претпоставува дека меѓу варијантите што би можело да се понудат на пазарот се: мал автомобил со ознака XC20, мал СУВ и градско возило што би наликувало на конкурентите какви што има Mercedes, BMW, Audi и Infniti. Како потенцијален модел се споменува и S20 мал седан.

Бидејќи сега се е во фаза на шпекулација и нагаѓања, така е и во врска со моторите. Можно е да има трицилиндричен бензински мотор како основа, па и плаг-ин хибрид и електричен модел.
Нема најава кога истиот би можел да се појави на пазарот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK