Компанијата Volvo ги заштити ознаките за своите автомобили, а шпекулациите велат дека тие се резервирани за целосно електричните верзии на моделите XC60 со B4 AWD и B5 AWD.
Номенклатурата на производителот од Шведска ги означува дизел возилата со буквата „D“, на пример D4, D5 и D6, додека за бензинците е резервирана буквата „Т“, како на пример T5, T6 и plug-in хибридот T8.
Во моментов не постојат возила на Volvo со ознаката „В“ иако шведскиот производител ја користеше во минатото, на пример В4В беше мотор во текот на 60-титте и 70-тите, а во сад се продаваа моделите со B18 мотор.
Во тие случаи B означувало Bensin, а било користено за возила на бензински погон. Volvo во 2010 година мина од B на Т за овие агрегати. Инаку, во моментов Volvo планира опширна електрификација на својата понуда, па оттаму се шекулира дека В би можела да биде ознака за моделите само на електричен погон, како СУВ возилото XC60.