Volvo почнува со проектот Drive Me

ОБЈАВЕНО НА:

Во Volvo Cars почнуваат со голем проект во кој разработуваат нова технологија за автоматско возење, а за таа помош ќе ги користат семејствата од Шведска кои ќе ги тестираат автомобилите на патиштата низ Гетеборг и ќе ги споделуваат впечатоците.

Прите две семејства коишто ќе треба да ги искажат своите впечатоци ги добиле луксузните СУВ автомобили Volvo XC90, а со нив ќе учествуваат во проектот Drive Me. Планот е во следните четири години во истиот проект да бидат вклучени дури 100 лица, а целта е со своите впечатоци и искуства од возењето да придонесат за што подобри перформанси на возилото.

Volvo планира да располага со целосно електрично возило до 2021 година, а токму лицата кои ќе вршат тестови ќе имаат клучна улога во проектирањето.
За време на првата етапа на проектот, семејствата ќе го држат воланот со рацете и ќе го контролираат управувањето во текот на целото возење.

Со текот на времето сите учесници во проектот ќе добијат достап до помодерни автомобили со многу поразвиени автоматски технологии, но откако ќе поминат специјална обука.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK