Volvo нема да употребува пластичните производи

ОБЈАВЕНО НА:

Од Volvo Cars беше објавена информација дека компанијата планира да ги отстрани целосно пластичните производи за еднократна употреба во канцелариите, кафулињата и на настаните кои ќе бидат организирани на крајот од следната година. Коментарите се дека оваа одлука е донесена како поддршка на европската кампања за чисти мориња (Environment Clean Seas), како и поради желбата да се минимализира влијанието врз животната средина.

Во процесот за запирање на употребата на продукти како чаши, чинии, кутии и прибор за храна ќе бидат заменети повеќе од 20.000.000 единици со биоразградливи компоненти. Од компанијата направија и калкулација според која процедурата ќе биде со употреба на повеќе од 500 пластични артикли од страна на секој вработен.

Иницијативата на Volvo стартува веднаш, а до крајот на годината ќе престане користењето на пластични производи за еднократна употреба за време на собири на брендот, а исто така и во канделариите и во рестораните  и во објектите на територија на Кина, Белгија, Шведска, САД и Малезија. Според очекувањата на компанијата само во текот на оваа година ќе биде намалено користењето на пластични производи за повеќе од 140 тони.

Бројката за следната година ќе биде далеку поголема бидејќи истата програма ќе биде воведена и во другите објекти на Volvo Cars.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK