Vоlvо најде начин како лесно да го менува возачкото место во автомобилот

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата од Шведска, Vоlvо патентираше иновациска технологија, која дозволува лесна трансформација на автомобили со лев волан во такви со десен или обратно. Системот се состои од електронски отстранлив волан и педали на сензори.

Недостатокот на механичка врска меѓу воланот и тркалата дава целосна слобода за негова локација на контролната табла. На територијата на возачот може да се седи не само од лево или од десно туку и во средина како кај спортските автомобили со три седишта.

Електронските педали не се новитет и одамна се монтираат сериски, но во патентот на шведските инженери тие претставуваат сензорни панели на допир, кои се користат за забрзување или запирање во зависност од силата на притисокот. Тие можат да бидат интегрирани во подот и да се активираат, кога над нив ќе биде фиксиран воланот.

Од Vоlvо сметаат дека флексибилниот систем за управување ќе почне да се користи, кога автомобилите ќе достигнат автономност од трето ниво однсно возачот нема да треба постојано да ја следи работата на автопилотот.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK