Volvo ќе повикува 730.000 возила на сервис: Проблем е системот за сопирање

ОБЈАВЕНО НА:

Повикувањето на сервис се однесува за автомобилите од 2019 и 2020 година, и тоа за XC40, S60, V60, V60CC, XC60, S90, V90, V90CC и XC90

Производителот на автомобили Volvo ќе повика на сервис речиси 750.000 возила поради проблеми со автоматското сопирање. Тој систем под одредени околности не го сопира автомобилот како што е предвидено. Засега нема информации за несреќи поврзани со овој проблем.

Сервисот се однесува на точно 736.430 автомобили во целиот свет. За оваа сервисна акција прв извести шведскиот весник Expressen.

Според известувањето, класичните сопирачки што функционираат на притисок на педалата – работат нормално. Повикувањето на сервис се однсеува на автомобили од 2019 и 2020 година, и тоа: XC40, S60, V60, V60CC, XC60, S90, V90, V90CC и XC90

Ако сте сопственик на вакво возило не чекајте да ве повикаат веднаш јавете се кај овластениот сервис во вашата земја.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK