Volvo ќе нуди само електромобили од 2030 година, само во онлајн продажба

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Volvo Cars уште еднаш ја демонстрираше својата посветеност кон стратегијата за електрификација на портфолиотот и ги објави плановите на компанијата да се трансформира во онаа што нуди само 100% електрични автомобили од 2030 година.

Друга сериозна промена во бизнис моделот на Volvo Cars ќе биде трансформацијата на процесот на продажба, а сите идни 100% од електричните автомобили на брендот ќе се продаваат онлајн. За таа цел од компанијата планираат уште повеќе да ја развијат услугата Care by Volvo, правејќи ја уште попривлечна и појасна како услови за своите клиенти.

„За да продолжиме да бидеме успешни, ние имаме потреба од профитабилен раст. Поради оваа причина, место да инвестираме во еден бизнис што се намалува, ние избираме да инвестираме во иднината, електрично и онлајн. Целосно сме фокусирани да станеме лидери во брзорастечкиот сегмент на врвни електрични автомобили“, вели Хакан Самуелсон, извршниот директор на Volvo Cars.

Во моментов Volvo нуди еден целосно електричен автомобил – XC40 Recharge, а малку ќе следува премиера на втората пазарна понуда на брендот која ќе биде дел од семејството 40.

Од Volvo најавуваат дека во следните неколку години ќе видиме уште неколку целосно електрични автомобили на компанијата. Плановите на брендот се до 2025 година, 100% електричните автомобили да фомираат 50% од вкупната реализација на светско ниво, а другите да бидат со хибриден погон.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK