Volvo ја доби „битката“ со штетните гасови – ги исполнуваат строгите стандарди

ОБЈАВЕНО НА:

Последните податоци на JATO Dynamics покажуваат дека автомобилските производители во Европа ги подобрија просечните емисиите на штетни гасови кај новите автомобили е се на чекор од тоа голем дел од нив да одговорат на строгите параметри на рестрикциите, кои се  на сила и претстои да бидат воведени во следните години.

Според JATO Dynamics, производството на Volvo веќе ги исполнува новите стандардни производи, а на чекор од истото се и групите на BMW, Toyota и Hyundai.

Сите автомобилски производители, чии производи не одговараат на нормативата можат да добијат казна во износ од 95 евра за секој грам CO2 на километар повеќе на автомобил.

Податоците на JATO Dynamics покажуаат дека во позадина на сериозната криза во бизнисот со нови автомобили годинава, просечната емисија на СО2 кај новите автомобили во Европа за периодот јануари-август е на ниво од 102,2 грама на километар со цел од 95,7 грана за цела година. За споредба може да се посоќи дека показателот за 2019 година бил на ниво од 122 грама СО2 на километар.

Со најдобар резултат до моментов може да се пофали Geely Group, чии 99% од продажбите во Европа се направени од моделите на Volvo. Целта на групата за оваа година била на ниво од 110,3 грама СО2 на километар, но уште кон крајот на август показателот на групата бил 103,1.

Основен фактор тука е масовното усвојување на електричните автомобили, кои формирале пола од бизнисот на групата во август и 38% за првите осум месеци на 2020 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK