Volvo има нов краш тест – уништува автомобили за да спаси животи (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Како водечки фактор за зголемување на безбедноста на патот на глобално ниво, Volvo Cars постојано работи на подобрување на безбедноста на своите автомобили, со барање за нови решенија, како технолошки така и конструкциски.

Сега од Volvo Cars прават чекор напред во својата стратегија и им подаваат рака на спасувачките екипи на брза помош, додека им даваат можност да се запознаат одблизу и да одиграат нови сценарија на патни инциденти – такви, кои не можат да бидат произведени со класичен краш тест.

За да им дадат можност на екипите да бидат максимално добро подготвени, како што се очекуваше и како реакција и дејство на местото, Volvo Cars спроведе пилот експеримент за компанијата за време на кој десет различни автомобили на брендот биле кренати на висина од 30 метри, а потоа пуштени под неколку различни агли и профили.

Од Volvo велат дека експериментот дава поглед кон штетите, кои би ги претрпел автомобилот при исклучително сериозни сообраќајни несреќи, како што се несреќи со голема брзина, удар меѓу автомобил и камион, или страничен удар.

При слични несреќи, возачот и потенцијалните сопатници се изложени на огромен ризик и брзината и безбедното отстранување од купето се од решавачко значење.

Volvo – тестирање

За да им дадат можност на екипите да бидат максимално добро подготвени, како што се очекуваше и како реакција и дејство на местото, Volvo Cars спроведе пилот експеримент за компанијата за време на кој десет различни автомобили на брендот биле кренати на висина од 30 метри, а потоа пуштени под неколку различни агли и профили.Од Volvo велат дека експериментот дава поглед кон штетите, кои би ги претрпел автомобилот при исклучително сериозни сообраќајни несреќи, како што се несреќи со голема брзина, удар меѓу автомобил и камион, или страничен удар. При слични несреќи, возачот и потенцијалните сопатници се изложени на огромен ризик и брзината и безбедното отстранување од купето се од решавачко значење.

Сите податоци од тестот од направените испитувања ќе бидат запишани во посебен извешта, кој традиционално за Volvo, ќе биде објавен и ќе биде достапен за употреба за користење од целиот свет.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK