Во текот на овој месец, производителот на автомобили Volvo Cars одбележува 10 години од влегувањето во компанијaта во семејството на индустрискиот гигант Zhejiang Geely Holding (Geely).
Од Volvo Cars споделуваат дека под капата на Geely во последните десет години компанијата успеала да претрпи целосна трансформација од основно европско ниво на бизнис до глобалсно и силно присуство во групата на производители на лускузни автомобили, зголемувајќи ги во истото време продажбите со рекордно темпо и следејќи ги стратегиите за електрификација и лидерска позиција на светско ниво во однос на безбедноста на патиштата.
„Во моментов, Volvo Cars е посилен од кога било. Со Geely, поставивме почеток на една нова успешна фаза, која ни пренесе едно целосно ново ниво. Целосно го обновивме продукциското потрфолио, постигнавме глобално присуство, со оглед на тоа што ги удвоивме продажбите и од ситуација без заработувачка, стигнавме до профиталбилност“, вели Хакан Самуелсон, кој е извршен директор на Volvo Cars.
Во 2011 година, во Volvo Cars работеа 21.500 лица, а продажбите беа на ниво од 449.255 автомобили. Во 2019 година во компанијата работат 43.000 луѓе, а реализацијата е на ниво од 705.452 автомобили.
За следните неколку години од Volvo Cars си имаат поставено цел да бидат зад лидерите во областа на електрификацијата, со оглед на тоа што очекуваат пола од глобалните продажби на брендот до 2025 година да бидат генерирани од целосно електрични автомобили, а другите да бидат хибриди.