четврток, 25 декември, 2025 година

Volvo го прескокнува саемот во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Традиционалните саеми за автомобили полека, но сигурно ја губат својата популарност. По откажувањето на учеството на 10-тина брендови на саемот во Париз кој е закажан за октомври годинава, и по неучеството на неколку други авто брендови на саемот во Детроит закажан за почетокот на следната година, веќе започнаа и откажувањата од популарниот саем во Женева.

Прв кој повлече нога од овој саем е шведскиот производител Volvo. Како што соопштуваат од таму, Volvo во наредниот период ќе го ограничи учеството на ваквиот вид на изложби и ќе се фокусира на нови специфични видови на маркетинг комуникации со целната група.

- Advertisement -

“Постојаната промена во автомобилската индустрија создава нови публики и нови начини на пренесувањето на производите на пазарот” изјави Бјорн Анвал, заменик претседателот во секторто на маркетинг и продажба на Volvo.

Во наредниот период се очекува се повеќе и повеќе авто производители да го откажуваат учеството на овој вид традиционални изложби и се повеќе да ја употребуваат креативноста во алтернативни начини на претставувања на возилата.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја