Неколку часови пред почетокот на годинешниот меѓународен саем во Женева, беше прогласен победникот на изборот за „Автомобил на годината за 2018 во Европа“. Наградата ја освои Volvo XC40, престигнувајќи ги останатите финалисти Alfa Romeo Stelvio, Audi A8, BMW 5 Series, Citroen C3 AirCross, Kia Stinger и Seat Ibiza.
Целосно новото Volvo XC40 успеа да собере импресивни 325 поени, а во првите три се пласираа исто така Seat Ibiza со 242 и BMW 5 Series со 226 поени.
Победник и носител на наградата „Автомобил на годината за 2017 на Европа“ беше Peugeot 3008, а во претходните 10 години наградата беше доделена на Opel Astra, Volkswagen Passat, Peugeot 308, Volkswagen Golf, Opel Ampera, Nissan Leaf, Volkswagen Polo, Opel / Vauxhall Insignia, Fiat 500 и Ford S-MAX