недела, 25 ноември, 2025 година

Volkswagen во ноември почнува со производството на електромобилот ID.3

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Производството на целосно новиот електричен и пилотски за новото семејство ID на Volkswagen модел ID.3 ќе стартува од ноември годинава. Од брендот информираат дека првите возила на моделот ќе бидат доставени до сопствениците во текот на летото следната година, а приоритет ќе имаат оние кои ги зачувале своите нови автомобили од лимитираната серија ID.3 1ST.

Од Volkswagen најавуваат дека во моментов има предпроизводството на ID.3 се 400, а само пред неколку дена од брендот беше споделено дека досега примиле повеќе од 30.000 резервации за купување на електромобилот.

- Advertisement -

„Почетокот на производството на ID.3 во ноември ќе придонесе за една сосема нова ера на Volkswagen- споредлива со онаа од првиот Beetle и првиот Golf“, вели Томас Улбрих, кој е член на бордот на Volkswagen и е одговорен за електричеснта мобилност.

Volkswagen ID.3 одбележа светска премиера за време на меѓународниот саем во Франкфурт и ќе се нуди во три верзии, во зависност од капацитетот на интегрираната батерија. Електромобилот е првиот од целосно новото семејство ID, а е развиен на целосно ново развиената MEB (Modular Electric Drive) платформа и претставува почеток на електричната офанзива, во резултат на која VW Group на пазарот ќе лансира 33 различни типови на автомобили во текот на следните три години.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја